Репрезентативецот на Босна и Херцеговина и член на германскиот второлигаш Кил, Дарко Тодоровиќ имал тешка сообраќајна несреќа во Тузла, објавија босанскохерцеговските медиуми.
Според „Аваз“, 22-годишниот Тодоровиќ со своето „Ауди“ со голема брзина се удрил со „Опел Астра“ и удрил во бандера и соборил два сообраќјни знаци и еден хидрант. За среќа, тој не е посериозно повреден при несреќата, но неговиот со-возач уште е во клиниката во Тузла.
Тодоровиќ се смета за еден од поталентираните млади фудбалери од БиХ и е под договор со австрискиот тим Ред Бул Салцбург, а во Кил игра како позајмен фудбалер.