Foto/ EPA
Наредното лето покрај Еврпското првенство ќе се игра и Копа Америка. Завршниот турнир ќе се игра во САД, а покрај десет репрезентации од Јужна Америка учество ќе земат и шест селекции од Северна и Средна Америка.
Изминатата ноќ беа извлечени групи за Копа Америка.
Во групата А ќе играат бранителот на трофејот Аргентина, Перу, Чиле и победникот од дуелот меѓу Канада и Тринидад и Тобаго, во кој Канаѓаните се фаворити, па оваа група веќе ветува многу возбудувања.
Групата Б исто така ветува многу возбудувања. Во неа се Мексико, Еквадор, Венецуела и Јамајка.
Домаќинот САД е во групата Ц, заедно со селекциите на Уругвај, Панама и Боливија.
И на крајот во групата Д ќе играат Бразил, Колумбија, Парагвај и подобриот од дуелот помеѓу Хондурас и Костарика.
Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето.
Копа Америка ќе се игра во 13 градови: Арлингтон, Атланта, Остин, Шарлот, Њујорк, Хјустон, Инглвуд, Санта Клара, Глендејл, Лас Вегас, Канзас Сити, Мајами и Орландо.
Турнирот е на програмата од 20 јуни до 14 јули.