Top Sport

Тешки обвинувања: Судиите го наместиле мечот Висла-ЛАСК

Полскиот канал „ТВП Спорт“, објави дека пријателскиот натпревар помеѓу Висла и ЛАСК веројатно бил наместен и дека наводно главни катери во местенката се судиите.

Висла и австриски ЛАСК играа пријателски натпревар во Турција, победија Австријците со 3:1.

Според „ТВП Спорт“, во последните 15 минути биле уплатени големи суми дека натпреварот ќе заврши со најмалку четири постигнати гола. Во 75.минута резултатот бил 1:1.

Наводно, дека ќе бидатпостигнат уште два гола биле платени над 45.000 евра. Набргу потоа, во 76. минута, судијата досудил сомнителен пенал за ЛАСК.

Соминтелен пенал бил досуден и за Висла во првото полувреме. .Кога беше досуден тој пенал, тренерот на Висла, Радослав Соболевски сакал да ја повлече екипата од теренот, незадоволен од судењето. По неколку минути се откажаа од тоа, па натпреварот се одигра до крај, а ЛАСК на крајот постигна уште еден гол.

Тренерот Соболевски рече дека „судиската одлука е смешна“, а понатпреварот клубот излезе со соопштение.

„Скандалозни одлуки на судиите на овој натпревар. Тренерот го прекина натпреварот по досудениот пенал, но откако разговаравме решивме играчите да останат на натпреварот. Веруваме дека сите кои ја следат работата на судиите ќе го гледаме овој натпревар.За нашиот став за овој дуел веќе ги информиравме сите луѓе во организацијата“, се наведува во соопштението.

Scroll to Top