Бразил одигра само 0:0 на гостувањето во Боливија, каде што нивната прва ѕвезда Нејмар се пожали на „нехуманите“ услови за игра.
Проблемот е во тоа што стадионот „Ернано Силес“ во престолнината на Боливија, Ла Паз, се наоѓа на 3.637 метри надморска височина, што значеше дека бразилските ѕвезди буквално останаа без воздух и користеа боци со кислород.
Бразил пристигна на Андите веќе квалификуван за Светското првенство, додека Боливија нема шанси за пласман, но Нејмар се пожали пред новинарите.
„Нехумано е да се игра во вакви услови. Ваков терен, ваква височина, топката… Ништо не беше во ред“, вели Нејмар.
Бразил се единствениот тим во историјата кој играл на сите Светски првенства од 1930 година.