Top Sport

Тешко го прифати поразот – Роналдо се присети на поништениот гол во Белград

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, тешко го прифати поразот од Србија во Лисабон. На „Луж“ стадионот, Србија со голот на Митровиќ во 90.минута, забележа победа 2:1 и се пласираше на Светското првенство, додека Португалија ќе игра бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

По завршувањето на натпреварот, со солзи во очите, Роналдо не сакаше да се поздрави со селекторот Фернандо Сантош, туку гестикулираше со рацете.

Португалскиот селектор, на прес конференцијата, им објаснил на новинарите што значела гестикулацијата на Роналдо.

„Зборуваше за голот за победа во последната минута, кој му беше поништен во Белград. Тоа го зборуваше. Тоа значеше неговата гесткулација. Фрустриран е. Тоа е нормално…“, објаснил Сантош.

Scroll to Top