Top Sport

Тетоважата на Стерлинг ги налути британските таблоиди

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг мораше да ја брани својата нова тетоважа на автоматска пушка, откако беше на „мета“ на таблоидите.

Фудбалерот на Манчестер сити објави фотографија на Инстаграм од тренингот со репрезентацијата пред Светското првенство во Русија, со видлива тетоважа на десната нога. Таблоидот „Сан“ на насловната страница го постави Стерлинг со наслов „Стерлиг се пука во десната нога“.

Стерлинг мораше сам да објаснува.

„Кога имав две години, мојот татко почина откако беше застрелан. Си ветив дека никогаш нема да допрам огнено оружје во мојот живот. Јас шутирам со мојата десна нога, така што значењето е подлабоко“, објасни Стерлинг.

Scroll to Top