Поранешниот аргентински напаѓач, Карлос Тевез ги нападна Пари Сен-Жермен за третманот кон Лионел Меси, кој мораше да се извини за патот во Саудиска Арабија, добивајќи двонеделна суспензија, која сепак, беше крената пред викендот.
Тевез, поранешен соиграч од аргентинската репрезентација вели дека наместо Меси да се извинува, клубот требал да му се извини нему.
„Мислам дека Меси сите не прави поскромни. Бидејќи да ми кажевте мене, само што сум ја освоил титулата од Светското првенство да се извинам бидејќи сум бил на пат кога сум имал слободен ден, ќе се вратев во Росарио и ќе почнев да пијам мате. Ќе требаше тие да ми се извинуваат мене. Но, Меси, како што се гледа, го става клубот пред своето его. И за тоа треба да му честитаме. Тогаш ќе можеме да кажеме дека клубот навистина не се грижи за него. Од првиот момент кога пристигна“, вели Тевез.
Carlos Tevez speaks out against PSG's treatment of Leo Messi. 🗣 pic.twitter.com/Nw19UGm6VT
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 12, 2023