Пред една година Карлос Тевез стана најплатен фудбалер во историјата. Шангај му понуди годишна плата од 38 милиони евра, Тевез ги прифати условите и од Бока јуниорс замина на Далечниот Исток, во Кина.
Тевез во Кина замина како еден од најдобрите светски напаѓачи, но во Шангај не се прослави, дури со својата неефикасност и индолентност на теренот често им служеше за потсмев на медиумите.
Аргентинецот требаше да биде последното камче во шампионскиот мозаик на Шангај. Пред него во тимот пристигнаа Демба Ба, Фреди Гијарин и Обафеми Мартинс. Но, Тевез на 20 натпревари постигна само четири гола, а клубот заврши на 11. место во првенството.
Неговите пријатели велат дека не можел да игра во Кина бидејќи го убила носталгијата. Поради тоа и решил да го раскине договорот и да се врати во Аргентина, во саканиот клуб Бока јуниорс.