Напаѓачот на Бока јуниорс и поранешен репрезентативец на Аргентина, Карлос Тевез, во кариерата бил соиграч со двајцата најдобри фудбалери во изминатата деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Тевез бил соиграч со Роналдо во Манчестер јунајтед, а со Меси ја делел соблекувалната во аргентинската репрезентација. Поради тоа смета дека добро ги знае разликите помеѓу нив двајца.
„Никогаш не сум го видел Меси во теретана. Тој поседува природен талент“, рекол Тевез, а потоа проговорил и за Роналдо.
„Кога станува збор за Кристијано, сите знаат дека тој ‘живее’ во теретана. Тоа е опсесија, да се биде цел ден в теретана. Ако тренингот беше закажен во 8 часот, Роналдо веќе во 7:30 часот тренираше. Еднаш на тренинг дојдов во 6 часот, а тој веќе тренираше“.
Тевез (34), по завршувањето на оваа сезона најави дека ќе стави крај на професионалната кариера. Аргентинецот дресот на Манчестер јунајтед го носел во перидот 2007-2009 година.