Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство. Вечрва, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска ја победи Македонија со 4:0.
Македонија се бранеше во Копенхаген и таквата игра даде резултат во првиот дел, кој заврши без голови. Данска константно притискаше, но и покрај 13-те удари кон голот на Димитиревски, не створи ниту една конкретна шанса за гол. Во првиот дел Македонија, не упати ниту еден удар кон голот на Хермансон.
Она што не го искористија во првиот, Данците го наплатија во вториот дел. Во раната фаза на полувремето фо решија прашањето околу конечниот победник. Во периодот од 49-та до 59-та минута, Данците ги искористија грешките во нашата одбрана и постигнаа три гола.
Првиот гол го постигна Дамсгард, а потоа два пати стрелец беше Исаксен. Конечниот резултат го постави Норгард во 76-та минута.
Данска за пласман на Мундијалот ќе игра во Чешка или Даблин, против победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
