Реал Мадрид, викендов ќе гостува во Ваљадолид, а потоа ќе патува во Италија, на дуелот со Аталанта во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Тренерот Зинедин Зидан, поради големиот број на повредени играчи, се наоѓа на големи маки да го состави тимот за Ваљадолид, а претпладнево тој добил уште една лоша вест.
Најдобриот стрелец на Реал, Карим Бензема, се повредил на вчерашниот тренинг, сигурно нема да игра против Ваљадолид, а под голем знак прашалник ќе биде и неговиот настап против Аталанта.
Зидан за Ваљадолид има само една класична „деветка“ во тимот, тоа е Маријано Дијаз, кој има многу мала минутажа во досегашниот дел од сезоната.
Покрај Бензема, повредени во тимот на Реал се капитенот Серхио Рамос, Еден Азар, Алваро Одриозола, Дани Карвахал, Феде Валверде, Родриго, Едер Милитао и Марсело.
Реал во сабота, со почетоко во 21 часот, ќе гостува во Ваљадолид, а потоа во истиот термин, во среда, ќе игра против Аталанта.