Top Sport

„Ти си најголемиот и најмрачен кловн што некогаш сум го видел“

Претседателот на Интер Стивен Жанг не ги штедел критиките кон првиот човек на Серија А, Паоло дал Пино. Жанг е незадоволен од начинот на кој Серија А го решава проблемот со ширењето кронавирусот.

Голем број на натпревари во Серија А, вклучувајќи го и дербито помеѓу Јувентус и кој требаше да се одигра пред празни трибини беа одложени во изминатиот период.

Нов термин за дербито е 9 март, а закажаное е и едно вонредно коло кое ќе с еигра од 12 до 14 мај. Од Интер не се задоволни од одлуките што ги носи лигата.

Стивен Жанг на „Инстаграм“ остро го критикува претседателот на Серија А.

„Го заобиколуваш календарот и јавното здравје тие на второто место. Ти си веројатно најголемиот и најмрачен кловн што некогаш сум го видел. 24 часа? 48 часа? Седум дена? И што уште? Што ќе биде твојот следен чекор? И сега зборуваш за фер натпреварување и спортски дух. Како би било да не ги штитиме играчите и тренерите и тие да играат 24 часа дневно седум дена во неделата? Да тебе ти се обраќам претседателе Паоло дал Пино. Срам да тие. Време е да преземеш одговорност. Тоа е она што ние го правиме во 2020 година“, порачал Жанг.

Scroll to Top