Top Sport

Милан го отпуштија Бобан

Звонимир Бобан повеќе не е спортски директор на Милан, објавија италијанските медиуми. Бобан седум месеци ја обавуваше оваа функција. Тој заминува од клубот поради лошата соработка со сопствениците, односно со Иван Газидис кој е претставник на инвестицискиот фонд „Елиот“.

Бобан си го потпишал отказот со интервјуто дадено за „Газета дело Спорт“. Во тоа интервју тој ги остро ги критикувал сопствениците на клубот.

Покрај тоа од почетокот на сезоната постои недоразбирање помеѓу Бобан и Паоло Малдини од една и Газидис од друга страна во кој правец треба да се развива клубот.

„Ние сонуваме уште утре да направиме нешто. Но, „Елиот“ има поинаква визија и сака да гради тим околу млади таленти, како што тоа го прави Арсенал“, рекол неодамна Бобан.

На местото на Бобан се очекува да дојде Германецот Ралф Рангник.

Scroll to Top