Српскиот клупски фудбал, во европските купови, минатото лето влезе во црна дупа од која, како стојат рабтите нема да излезе во блиска иднина. Колку српските клубови се ужасни сезонава во Европа, говори и податокот дека на почетокот на сезоната со скор од една победа и седум порази се последни, односно се наоѓаат на 54. место во Европа. Пред српските се клубовите од Андора, Гибралтар и Сан Марино.
Worst nations by coefficient this season so far:
#54 Serbia 🇷🇸 0.200 (1-0-7)
#53 Liechtenstein 🇱🇮 0.500 (0-1-1)
#52 San Marino 🇸🇲 0.666 (1-2-7)
#51 N. Macedonia 🇲🇰 0.666 (2-0-6)
#50 N. Ireland 🇬🇧 0.750 (3-0-6)
#49 Gibraltar 🇬🇮 0.833 (2-1-8)
#48 Andorra 🇦🇩 0.833 (2-1-8)
…*not…
— Football Meets Data (@fmeetsdata) August 9, 2024
Раднички испадна од Европа на првата пречка, додека Војводина испадна од Лига Европа и влезе во Конференциската лига по поразот од Ајакс. Партизан, во второто квалификациско коло доживеа елиминација од Динамо Киев, се префрли во квалификациите за Лига Европа. Црно-белите, синоќа доживеаја пораз во Белград (0:1) од Лугано.
Во исто време Војводина беше поразена во Марибор со 2:1.
Лесно може да и се случи три српски клуба евро сезоната да ја завршат уште во август, додека европска есен им е загарантирана на Црвена Звезда и ТСЦ кои имаат директен пласман во плејоф рундата од Лигата на шампионите, односно Лигата на Европа.
Звучи неверојатно што српските клубови имаа 33 порази на последните 37 натпревари во европските купови. Партизан и Раднички се единствените кои успеаја да победат некого во тој период, а Партизан е единствениот клуб што минал квалификациска рунда во последните две сезони, лани против Сабах од Азербејџан на црно-белите минаа по зиведувањето на пенали.