Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов е опериран по тешката повреда на коленото со која се здоби при настапот за својот тим Пјаст Гливице. Тој ги скина предните вкрстени лиаменти на коленото, можеби најтешката повреда за еден спортист.
Хируршкиот зафат е успешно направен, Костадинов се чувствува добро, а сега му претстои рехабилитациски процес од 6 до 8 месеци.