Top Sport

Зидан не сака да го коментира Стерлинг, тој на насловната на „АС“!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мисли дека Рахим Стерлинг е одличен фудбалер, но не сака да разговара за можен трансфер на фудбалерот на Манчестер сити, откако тој се појави на насловната страница на весникот „АС“ со два дреса, еден на Сити и еден на Реал Мадрид.

Стерлинг изјави дека „Лос бланкос“ се фантастичен клуб и најави дека би бил заинтересиран да се појави на „Бернабеу“, иако е задоволен во Сити. Поради двегодишното исклучување од Лигата на шампионите, шпекулациите велат дека повеќе клубови се обидуваат да ги убедат фудбалерите на Сити за трансфер. Мадрид и Сити пак, се среќаваат во осминафиналето на ЛШ.

„Не можам да зборувам за фудбалер кој не е мој. Се работи за многу добар фудбалер, тука нема сомнеж“, изјави кратко Зидан на прес-конференцијата како најава  за саботниот дуел со Леванте.

Scroll to Top