Top Sport

Тијаго Мота пред отказ, ќе го наследи Диего Лопез

Челниците на Џенова го изгубиле трпението со тренерот Тијаго Мота и веројатно во текот на утрешниот ден тој ќе добие отказ.

Џенова во саботата доживеа убедлив пораз од Интер во Милано (4:0) и остана на претпоследната позиција на табелата во Серија. Екипата чиии дрес го носи Горан Пандев забележала само две победи на досега одиграни 17 натпревари во италијанскиот шампионат и има гол разлика 17:35.

Инаку Мота на 21 октомври беше назначен за шеф на стручниот штаб на Џенова, тогаш тој го наследи Андреа Андреацоли.

Италијанските медиуми тврдат дека нов тренер на екипата ќе биде Уругваецот Диего Лопез. Според нив тој веќе го напуштил Пењарол од Монтевидео за да преземе клуб од Серија А.

Scroll to Top