Top Sport

Лукаку му го исполни сонот на 17 годишниот Еспозито (Видео)

Ромелу Лукаку со два гола и асистенција вечерва го предводеше Интер до убедливата победа над Џенова (4:0). Покрај со беспрекопрната игра Белгиецот ги воодушеви не само навивачите на Интер туку и сите искрени фудбалски фанови.

Интер имаа предност од 2:0 по првиот дел, а во вториот добија пенал во 64 минута. Вообичаено Лукаку ги изведува пенали, меѓутоа Белгиецот ја зеде топката и му ја даде на 17 годишниот Себастијан Еспозито.

Ова момче пред неколку сезони од Бреша пристигна во младинската школа на Интер. На почетокот на сезоната тој доби шанса во сениорскиот тим. Кај Антонио Конте успеа да одигра шест натпревари, а благодарение на Лукаку успеа и да постигне гол.

Еспозито во манир на искусен стрелец го реализира пеналот. Радоста по постигнатиот гол тој најпрвин ја подели со својата мајка, а потоа и со соиграчите.

Scroll to Top