Дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва вели дека имал среќа што во својата кариера играл во Италија со двајца „професори“ како Паоло Малдини и Алесандро Неста.
„Секоја држава има свој поглед на фудбалот. Јас многу пораснав во Италија, една од најдобрите школи за дефанзивните играчи и играта во одбрана. На почетокот на кариерата имав среќа да играм покрај двајца професори. Имав шанса да играм со Малдини и со Неста и во тие две години научив многу“, вели Силва.
36-годишниот ветеран пристигна во Милан во јануари 2009, пред во 2012 година да замине во Пари Сен-Жермен, каде што беше капитен, пред оваа година да се пресели на „Стемфорд бриџ“ како слободен играч.
„Во Франција фудбалот е пофизички. ПСЖ доминираа во последните години и поради тие сите ризикуваа против нас. Во Премиер лигата пак, се соочувате секогаш со многу брзи напаѓачи и темпото е навистина високо. По првите два меча си заминував со главоболка по многуте воздушни дуели и брината поради која се игра. Дефинитивно, многу поинаква лига“, вели Силва.