Тијаго Силва не успеа со пехарот во Лигата на шампионите да се прости од ПСЖ. Бразилецот, синоќа, по осум години ја заврши својата авантура во Париз. ПСЖ загуби во финалето во Лигата на шампионите од Баерн (0:1).
Тијаго Силва се поврзуваше со Милан и Фиорентина, меѓутоа Бразилецот решил кариерата да ја продолжи во Англија. Неколку медиуми објавија дека тој договорил едно годишна сработка до Челси.
Клубот од „Стенфорд Бриџ“ поради Тијаго Силва реши да го прекрши правилото во клубот да не се носат играчи постари од 30 години.
Челси минатата сезона најмногу проблеми имаше во одбраната. Тренерот Френк Лампард бил убеден дека со Бразиелцот ќе ги реши дефанзивните проблеми.
Силва ќе биде третото засилување за Челси, претходно во клубот пристигнаа Тимо Вернер и Хаким Зијеш, а до крајот на преодниот рок се очекува „сините“ да ги потпишат Каи Хаверц и Бен Чилвел.