Тиквеш и Скопје ќе бидат дел од Првата лига и следната сезона, а Воска и Беласица остануваат во единствената Втора лига.
Тиквеш со 4:1 ја совлада Воска Спорт, додека Скопје со 2:1 ја победи Беласица во бараж натпреварите за пополнување на Првата лига.
Тиквеш поведе со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута, а шест минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2:0. Изаир Емини пред одморот намали, но во 67. минута Благоја Љамчевски постигна убав гол од слободен удар. Спахиу со својот втор гол го потврди триумфот во 74.минута.
Скопје ја победи Беласица со 2:1 во Штип. Филип Јаневски беше двоен стрелец за прволигашот од Автокоманда, а Димитар Трајков погоди за Беласица.