Top Sport

Тиквеш и Воска најавуваат голема борба за трофејот во Купот

Извор/ ffm.mk

Тиквеш и Воска Спорт утре од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во 31. финале од Купот на Македонија.

На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале.

„Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер“, изјави тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.

„За разлика од Тиквеш ние сме млад клуб кој постои неколку години, ова е прва година во Прва лига за Воска и веднаш стигнуваме до историско финале што е голем успех. Првенството го завршивме на посакувано место, па сега одиме да се надигруваме против Тиквеш во Купот на Македонија. Тие се хит во пролетниот дел од сезоната и сакам да им честитам за четвртото место на табелата кое е одлично остварување за Тиквеш. Играат добро, но сепак и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија. Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели“, рече тренерот на Воска Срѓан Захариевски

Scroll to Top