Top Sport

Тиквеш ќе патува на Исланд, Шкендија во Ерменија

Фото/ ФФМ

Тиквеш и Шкендија, претсаввниците на Македонија во Конференциската лига, ги дознаа противниците во првото квалификациско коло.

Освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш го чека долг пат на Исланд. Противник ќе му биде Брејдаблик. Тиквеш ќе биде домаќин на првиот натпревар.

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, во првото коло ќе игра против ерменскиот тим Ноах. Првиот натпревар ќе се игра во Ерменија.

Натпреварите во Конференциската лига на програмата се на 11 и 18 јули.

Scroll to Top