Фудбалерите на Тиквеш, попладнево, убедливо го победија Вардар со 3:0, на Националната арена „Тодор Проески“. По 14-то коло, во домашното првенство, Тиквеш се искачи на второто место со 27 бодови, со натпревар повеќе и два бода помалку од лидерот Струга, додека Вардар остана на 24 поени.
Тиквеш, во Скопје го забележе најубедливиот триумф во дуелите со Вардар и воедно прв пат по 2023 година ги победи црвено-црните.
Вардар делуваше беспомошно, иако имаше неколку добри шанси. На спротивната страна, Тиквеш такктички го надигра ривалот, а како плод на таквата игра дојдоа и трите гола во мрежата на актуелниот првак.
Ренатињо во 16-та минута ја најави победата на Тиквеш, а дека на Вардар му се насмевнува четвртиот пораз во сезоната беше јасно по голот на Лусианињо во 41-та минута.
Точка на заслужената победа на Тиквеш стави Николовски во 63-та минута.
Табела:

Foto/ facebook.com/fcvardarad
