Top Sport

Тилеманс ќе го замени Погба во Јунајтед?

Пол Погба повторно е во центарот на шпекулациите за трансфер од „Олд Трафорд“, со Јувентус и Реал Мадрид како најверојатни дестинации, но според весникот „Индепендент“, Манчестер јунајтед веќе имаат „пикирано“ замена.

Дали Оле Гунар Солскјер ќе се реши „обновениот“ Јунајтед да го гради околу Погба, или ќе се реши на втората опција, уште не е јасно, откако тимот вчера објави дека се ослободува од 14 фудбалери, вклучувајќи ги Антонио Валенсија и Андер Ерера.

Според „Индепендент“, Јунајтед веќе го избрале 22-годишниот Белгиец Јури Тилеманс како потенцијална замена. Тилеманс е фудбалер на Монако, но половина од минатата сезона помина на позајмица во Лестер во Премиер лигата.

„Шансите дека ќе се вратам во Монако се многу мали. Многу големи клубови контактираа со мојот агент, и Лестер се еден од тие тимови“, изјави во петокот Тилеманс.

Поранешниот фудбалер на Андерлехт дојде во Лестер во јануари, но одигра 13 меча во Премиер лигата, постигна 3 гола и имаше 4 асистенции импресионирајќи го менаџерот Брендан Роџерс.

Scroll to Top