Top Sport

Тадиќ по „катастрофата“ со Украина: Треба да ни биде срам

Напаѓачот на Ајакс, Душан Тадиќ вели дека го доживеал најтешкиот момент во кариерата, откако Србија доживеа вистинска катастрофа губејќи со 5:0 од Украина во Лвив во петокот. Ова е највисок пораз на фудбалската репрезентација на Србија како самостојна држава.

„Најтешкиот момент во кариерата. Од првата минута игравме со паника и доцневме во секој старт. Ги направивме да изгледаат моќни. Треба да ни е срам и мора да извлечеме поука од овој пораз. Критиките се на место“, вели Тадиќ.

Српските медиуми за поразот вината ја најдоа во селекторот Младен Крстајиќ и неговата тактика, но Тадиќ вели дека фудбалерите мора да ја преземат одговорноста пред дуелот со Литванија во понеделник.

„Не знам како да опишам. Тие трчаа повеќе од нас, а ние во секој момент како да не знаевме како да реагираме. Прво да се погледнеме во огледало, а потоа да бараме одговорност“, вели Тадиќ.

Евро 2020: Украинската „машина“ ја понижи Србија, Црна Гора и Косово со поделба на поените (видео)

Scroll to Top