Top Sport

Тилеманс одбил да го продолжи договорот

Јури Тилемас ја одбил понудата да го продолжи договорот со Лестер, објавија англиските медиуми. Тилемас се наоѓа во одлична форма, но и покрај тоа беше резерва на последниот меч што го одиграа „лисиците“ против Ливерпул. За англиските медиуми ова бил јасен знак дека тој ќе го напушти клубот.

„Реалност е дека достигне едно ниво кои го привлече вниманието на другите тимови“, изјавил неодамна менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс.

Тој не сакал да одговори на прашањето зошто против Ливерпул, Тилеманс бил резерва, ниту сакал да ја коментира одлуката на Белгиецот да да не го продолжи договорот.

Договорот на Тилеманс со Лестер истекува на крајот од наредната сезона, што значи дека тој во летниот преоден рок ќе биде продаден.

Тилеманс кариерата ја започна во Андрелехт, а во Лестер пристигна од Монако. Според медиумите за услугите на Тилемас биле заинтересирани Арсенал, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top