Top Sport

Тилеманс посакува трансфер во Арсенал

Фудбалерот на Лестер, Јури Тилеманс е блиску до трансфер во Арсенал, пренесуваат британските медиуми.

Белгискиот репрезентативец сака да игра во европските купови, поради што се решил да го напушти Лестер. Арсенал наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.

Тилеманс има договор со Лестер до јуни следната година. Пред неколку месеци ја одбил понудата да го продолжи договорот.

Проблем за реализација на овој трансфер може да претставува оштетата што ја бара Лестер. Од „Кинг Пауер“ им порачале на колегите од Арсенал дека слободата на Тилеманс вреди 50.000.000 евра.

Ова се многу пари за фудбалер чии договор истекува за една година. Медиумите шпекулираат дека постои можност Арсенал да почекаат до зимскиот преоден рок, кога за симболична сума Тилеманс ќе може да се пресели во Лондон.

Scroll to Top