Top Sport

Тилеманс се договорил со Астон Вила

Јури Тилеманс и наредната сезона ќе игра во Премиер лигата. Белгиецот го напушти Лестер кој испадна во Чемпионшип како слободен играч. Тилеманс кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.

Тилеманс на почетокот на годината се поврзуваше со Арсенал, но Лестер не сакаше да се откаже од него, по завршувањето на сезоната сериозен интерес покаажаа Милан и Рома, но двата клуба не можат финансиски да се натпреваруваат со понудата на Астон Вила.

Астон Вила се пласираше во Конференциската лига следната сезона и очигледно сака да одговори на европските предизвици што е можно подобро. Со Белгиецот наводно е договорен четиригодишен договор.

Минатата сезона Тилеманс одигра само 37 натпревари и постигна четири гола.

Scroll to Top