Top Sport

Тим што никогаш не ја освоил е фаворит во ЛШ

Во средата заврши фазата по групи во Лигата на шампионите. Прв пат во историјата меѓу најдобрите 16 се пласираа екипи од петте најсилни европски национални првенства (Англија, Шпанија, Германија, Италија, Франција).

Сигурно е дека осмина-финалето ќе понуди најмалку два атрактивни дуели, откако УЕФА го објави составот на „шеширите“.

Ждрепката ќе биде извршена в понеделник, во првиот „шешир“ ќе бидат ПСЖ, Бајерн, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, Лајпциг и Валенсија, а во вториот Реал, Тотенхем, Аталанта, Атлетико, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челси.

Во прогнозите околу победникот во Чигата на шампионите веќе се вклучија обложувалницит, исто така се прават и математички анализи.

Ливерпул изминатите две сезони играше во финалето, минатата сезона и ја освои титулата меѓутоа „црвените“ не се први фаворити.

Според математичките анализи и обложувалниците прв фаворит е тимот што досега никогаш не стигнал подалеку од полу-финалето, Манчестер сити.

Шансите дека Сити ќе ја освојат титулата е проценуваат на 22 или 23 отсто, додека шансите на Ливерпул се 17 отсто.

Според обложувалниците околу 50 отсто се шансите дека во осмина-финалето еден од овие два тима за противник ќе го добие Реал Мадрид. Кога се во прашање Реал Мадрид нивните шанси дека ќе стигнат до крајот според обложувалниците се проценети на шест отсто.

Аналитиката вели дека шансите на Манчестер сити се 24 отсто, втор фаворит е Баерн со 19, а трет Ливерпул со 15 отсто. Според аналитиката шансите дека ќе ја освојат титулата на сите останати тимови се помали од десет отсто.

Scroll to Top