Top Sport

Тимо Вернер го напушта Челси

Челси е во фаза на прилагодување кон новите сопственици и е поактивен во преодниот рок во последните 15 дена. Сепак, по заминувањето на Ромелу Лукаку, Томас Тухел се соочува со незадоволство на друг напаѓач.

Тоа е неговиот сонародник Тимо Вернер, кој на „Стемфорд бриџ“ пристигна пред две години. Тогаш на Лајпциг му беа исплатени 53 милиони евра.

Германецот само на моменти успеваше да ја оправда таа цена, но се соочува со голем проблем што Тухел е многу критичен кон него и затоа сака да си оди.

Тој бара клуб каде ќе биде стандарден на теренот за да биде подготвен за Светското првенство во Катар. Неговата моментална пазарна вредност е 35 милиони евра, а минатата сезона постигна 11 гола во сите натпреварувања.

За германската репрезентација одигра 53 натпревари и постигна 24 гола.

Scroll to Top