Top Sport

Тимо Вернер ќе го засили Тотенхем

Тимо Вернер пристигнува во Тотенхем. Новинарот на „Скај спортс Германија“, Флоријан Плетенберг, објави дека Вернер се согласил да му биде позајмен на Тотенхем до крајот на сезоната.

Лајпциг и Тотенхем се во завршни преговори и во текот и до крајот на денот треба да ги договорат финансиските детали, како и за евентуалната откупна клаузула, но Тотенхем нема да биде обврзан да го откупи договорот на Вернар на крајот од сезоната.

Германецот веќе ги спакувал куферите, го напуштил тренинг кампот на Лајпциг и чека зелено светло за да се упати кон Лондон.

Вернер, играше за Челзи, но се врати во Лајпциг по неуспешните две години на „Стемфорд Бриџ“.

Челзи за Вернар плати 53 милиони евра во летото 2020 година, но за две сезони тој постигна 23 гола и додаде 21 асистенција на 89 натпревари. Две години подоцна, Челзи го врати во Лајпциг за 20 милиони евра.

Ангелос Постекоглу го донесе Вернер како замена за капитенот Сон кој речиси еден месец ќе отсуствува, бидејќи со Јужна Креја ќе игра на Купот на Азија.

Scroll to Top