Фудбалската репрезентација на Германија со синоќешниот пораз во Франција, прв пат во својата историја, доживеала шест порази во календарска година. Германците претходно беа поразени од Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја и Холандија. До крајот на годината Германците ќе играат против Русија и Холандија, што значи дека негативниот рекорд може да иде и „подобрен“.
Репрезентацијата што ја предводи Јоаким Лев се наоѓа во длабока криза, што потврдува и податокот дека прв пат по цели 18 години Германија нема победа на четири натпревари по ред и дека имаат порази на два официјални натпревари во низа.
6 – Germany have suffered 6 defeats in a calendar year for the first time. Götterdämmerung. #FRAGER pic.twitter.com/CP2DEt3Nma
— OptaFranz (@OptaFranz) October 16, 2018
Исто така, Германиците во 2018 година само еднаш успеале да ја сочуваат својата мрежа. Нешто слично им се случило во далечната 1964 година.
Инаку, светските шампиони од 2014 година, по три натпревари во А-дивизијата во Лигата на Нации, имаат само еден бод и доколку не ја совладаат Холандија во последниот натпревар, тогаш во наредниот циклус ќе настапуваат во Б-дивизијата.