Top Sport

Тимоти Веа: Мојот татко е „луд“ по Јувентус

Тимоти Веа открива дека неговиот татко, легендата на Милан, Џорџ Веа е „луд“ по Јувентус и затоа било многу лесно да се изберат „бјанконерите“ како нов клуб.

Американскиот репрезентативец тврди дека неговиот татко, кој играше пет сезони во Милан, освојувајќи ја и „Златната топка“, секогаш бил „потајно“ навивач на Јуве.

„Историјата на моето семејство и тоа што мојот татко играше за Милан бешее голема работа, но сега неговиот син добива шанса да биде во Серија А и да игра за еден од најголемите клубови. Тоа е прекрасно. Јувентус е еден од неговите омилен клубови, тој навива за нив, луд е по Јуве, така што изборот беше лесен“, изјави 23-годишниот Веа Јуниор.

Scroll to Top