Top Sport

Тинејџерот Вушковиќ потпиша за Тотенхем

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит ја договори најголемата продажба во историјата на клубот.

Хајдук го продаде Лука Вушковиќ (16) во Тотенхем. Според шпекулациите трансферот изнесува меѓу 11 и 14 милиони евра. Вушковиќ кому ќе му се приклучи на Тотенхем во 2025 година кога ќе стане полнолетен. Претходно најголемата продажба на Хајдук беше Никола Влашиќ, кој замина исто така во Тотенхем за 10,8 милиони евра.

Вушковиќ за Хајдук дебитираше на 16 години и два дена против Динамо Загреб, со што го израмни хрватскиот рекорд.

Три дена подоцна стана најмладиот стрелец во историјата на Хајдук, откако постигна гол во победата над Осиек во Купот.

Покрај Тотенхем, Вушковиќ го бараа уште пет големи клубови.

Инаку, тој досега има вкупно 11 настапи за првиот тим на Хајдук.

Foto/ Index.hr

Scroll to Top