Top Sport

Тинејџер од Динамо Загреб пред трансфер во Реал Мадрид

Иван Шараниќ, 18-годишниот фудбалер на Динамо Загреб кариерата би можел да ја продолжи во најпознатиот светски клуб Реал Мадрид. За талентираниот тинејџер од „кралскиот клуб“ понудиле 10 милиони евра.

Шараниќ, со 13 голови, сезонава беше најдобар стрелец во јуниорскиот тим на Динамо. Тој со 17 години и седум месеци, настапил на четири натпревари за сениорскиот тим.

Шараниќ е висок 185 сантиметри, игра во офанзивниот дел од редот за врска, а може да ги покрие и крилните позиции.

Scroll to Top