Top Sport

Тинејџерот Ансу Фати е „магионичар“ – два гола за помалку од две минути! (видео)

Тинејџерот на Барселона, Ансу Фати стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла лига кој постигнал два гола на еден натпревар, откако во луди неполни две минути двапати го „матираше“ голманот на Леванте, и тоа двапати на фантастични асистенции на Лео Меси.

17-годишниот Фати, кој е роден во Гвинеја-Бисау, но Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го убеди да игра за Шпанија, го сметаат за еден од најталентираните млади напаѓачи на светот, и засега тој ја оправдува таа репутација.


Scroll to Top