Top Sport

Двајца српски тренери сочно се пцуеја на пријателски меч во Турција (видео)

Турција во овој период е домаќин на многу пријателски мечеви кои клубовите каде што има зимска пауза ги играат таму, а дуелот помеѓу српскиот Раднички и рускиот Иртиш го одбележа неверојатна караница полна со сочни пцости помеѓу српските тренери Милорад Косановиќ (Раднички) и Милан Милановиќ (Иртиш).

По еден фаул во 81. минута од страна на играчите на Иртиш, Косановиќ ги загуби нервите ги го опцу Милановиќ и неговите фудбалери, по што тој му врати на ист начин. По ова следуваше неверојатна расправија (за која е најдобро да го слушнете видеото), пред Косановиќ во знак на протест да го повлече својот тим од теренот.

Scroll to Top