Илаиш Мориба вели дека никогаш нема да го заборави својот прв гол за Барселона и дека ќе го однесе тоа „во гроб“, откако постигна прекрасен гол во 2:0 победата над Осасуна во саботата.
18-годишниот Мориба доби асистенција од Лионел Меси на работ на шестнаесетникот, за да постигне прекрасен гол, удвојувајќи ја предноста на Барса со што тимот на Роналд Куман е на два поени од Атлетико Мадрид, кои денеска играат со Реал Мадрид.
Мориба дебитираше за сениорскиот тим на Барса во јануари против Корнелја во Копа дел реј, но го импресионираше доволно Куман да остане во првиот тим. Минатиот месец дебитираше против Алавес, а ова му беше само петти сениорски настап.
„Лео ми даде добро додавање и не знам како ја шутнав со лева, но фала Богу, влезе. Никогаш нема да го заборавам ова и ќе го однесам во гроб. Има многу конкуренција за првиот тим на Барса и не е важно дали си млад или стар. Постарите играчи ни помагаат, Лео често ми кажува да влезам во позиција. Овој гол го посветувам на мојот татко и на ‘Ла Масија’, каде што научив многу“, вели Мориба.
Куман вели дека тој во иднина може да биде редовен првотимец.
„Илаиш постигна гол во тежок меч. Секогаш кога влегува на теренот носи нешто екстра. Фудбалери како Педри, Илаиш, Рики Пуиг, Араухо, Мингуеза… Тоа е иднината на овој клуб“, објаснува Куман.
Moriba’s goal live. ???? pic.twitter.com/nVoYD9iXsp
— HIBA | Back. (@HibaDvilla) March 6, 2021
I will remember this goal for the rest of my life! Great win! Let’s keep going! @FCBarcelona pic.twitter.com/dj865VvruP
— Ilaix Moriba (@IlaixMK) March 6, 2021