Во Бундес лигата на програмата беа натпреварите од последното 17 коло во есенскиот дел од сезоната. Најголемите фаворити за титулата Баерн Минхен дури во финишот го скршија отпорот на Волфсбург. Победа забележа и лидерот Лајпциг.
Тинејџерот Зиркзе, слично како и во минатото коло, ги спаси Баварците. 18 годишникот во 85 минута ја искористи асистенцијата на Милер. Конечниот резултат го постави Гнабри во претпоследната минута.
Лајпциг полу-сезоната, втор пат во историјата на клубот, ќе ја завршат на лидерската позиција. Осмина-финалистите во Лигата на шампионите со пресврт го победија Аугсбург. Готите имаа предност со голот на Нидерлехнер по првиот дел, а второто полувреме Лајмер, Шик и Полсен ја обезбедија победата за биковите.
Голот на Кордоба во 39 минута го реши победникот на мечот помеѓу Келн и Вердер.
Лајпциг по 17 рунди имаат 37 бода, четири повеќе од Баерн.