Типувач од Велес, во обложувалница на „Спорт лајф“, во неделата успеал да добие 4.000 евра. Тој на тикетот комбинирал три натпревари и ги погодил гостинските победи и бројот на постигнати голови.
На натпреварите Џенова-Парма, Реус Депортиу-Гранада и Академика-Есторил, сите одиграни во неделата, велешанецот вложил 1.000 денари и си обезбеди 247 пати поголема добивка од влогот.
Најпрво на мечот меѓу Реус Депортиу и Гранада, гостите славеа со 1-2, токму за комбинираниот знак 2-2 & 3+ а во меѓувреме, Есторил како гостин на Академика, победи со високи 7-2 за погодок и на вториот пар на тикетот.
На крај во Џенова и покрај разиграниот Кжиштоф Пјонтек кој даде гол на почетокот, головите на Ригони, Силјарди и Чераволо од 16-тата до 30-тата минута, доведоа до целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај Џенова и конечен успех за нив и за типувачот на „Спорт лајф“ во Велес.