Top Sport

Газдите на Манчестер сити го шират „семејството“, ќе го купат Нанси

Сити Фудбал групацијата (СФГ) во своја сопственост има девет фудбалски клубови од кои најпознат е Манчестер сити. Пред еден месец СФГ го купија белгискиот второлигаш Ломел, а според најавите наскоро во сопственот ќе имаат десет клуба.

Групацијата планира да влезе на францускиот пазар откако ќе го купи Нанси, клуб кој се натпреварува во Лига 2.

Од ова фудбалско кралство најмногу профитира Манчестер сити бидејќи има огромна база од која може да избира млади таленти.

Нанси ќе стане десеттиот фудбалски клуб во сопственост на газдите од Абу Даби по шампионите од Премиер лигата Манчестер сити, Њујорк сити во американската МЛС лига, австралискиот Мелбурн сити, Јокохама Ф.Маринос од Јапонија, Клуб Атлетико Торке од Уругвај, Џирона од Шпанија, Сичуан џиуниу во Кина, Мумбаи сити во Индија и Ломел во Белгија.

Инаку СФГ беа заинтересирани и за рускиот фудблски клуб Уфа меѓутоа сопственик на овој клуб треба да стане компанијата Ред Бул.

Scroll to Top