Top Sport

Тирни потпиша нов петгодишен договор со Арсенал

Левиот бек на Арсенал, Шкотланѓанецот Киеран Тирни потпиша нов петгодишен договор со лондонскиот клуб, со што ќе остане на „Емирати“ барем до 2026 година.

26-годишниот Тирни стана клучен играч во одбраната на „топчиите“ по пристигнувањето во клубот во 2019 година и по двете одлични сезони, тој го продолжи договорот со тимот на Микел Артета.

„Ова е одлична вест за нас. Вистинско задоволство е да се работи со фудбалер кој е толку посветен како Тирни. Неговиот квалитет, посветеност и професионализам секогаш се на високо ниво“, вели Артета.

Scroll to Top