Top Sport

Обрадовиќ официјално се врати во Партизан!

Претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ потврди дека Жељко Обрадовиќ се враќа на клупата на српскиот тим со договор на три години, во една од најдобрите работи кои му се случиле на „црно-белиот“ тим последната деценија.

Обрадовиќ по 28 години се враќа во Партизан, со кои работеше од 1991 до 1993 година, а во 1992 година со нив ја освои првата европска титула од неговите девет во богатата тренерска кариера. Популарниот Жоц одмараше една година по заминувањето од Фенербахче пред да се врати на работа.

61-годишниот Обрадовиќ има 63 клупски титули во кариерата, вклучувајќи 9 трофеи од Евролигата со пет различни клубови, а исто така со СР Југославија го освои златото на Евробаскетот во 1997 и на Светското првенство во 1998 година.

Scroll to Top