Поранешниот селектор на Бразил Тите (61) остана без работа по поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а искусниот бразилски селектор и поранешен клупски светски шампион со Коринтијанс при прошетка останал и без паричникот..
Бразилските медиуми јавуваат дека во Рио де Жанеиро непознат сторител го ограбил Тите, кој на Бадник решил да се прошета во населбата Бара да Тијука каде што живее.
Разбојникот му го зел паричникот, а во таа прилика наводно му одржал и лекција за испаѓање од Мундијалот.
Кога Бразил беше елиминиран од Белгијците на Светското првенство во Русија пред четири години, Тите и неговото семејство се повлекоа во изолација за да го избегнат гневот на фанатичните бразилски навивачи, но овој пат тоа не му успеа.
Фудбалскиот сојуз на Бразил деновиве треба да го назначи неговиот наследник.