Top Sport

Тите: Швајцарија и Србија ги елиминираа Италија и Португалија

Бразил една од најсилните светски репрезентации, доби не толку лесна група на мундијалот во Катар. „Селесао“, во првиот круг ќе игра против Србија, Швајцарија и Камерун. Селекторот на Бразил, Тите, вели дека добиле квалитетни противници, но не се согласува дека ова е „групата на смртта“.

„Зборуваме за селекции што ги елиминираа Италија и Португалија, тоа се Швајцарија и Србија. Тука е и една од најдобрите африкански репрезентации, Камерун. Мораме да напредуваме, да се консолидираме и да работиме напорно за да им се спротивставиме на најдобар начин. Ова не ниту група на смртта, ниту група на животот. Секој противник на свој начин е тежок. Португалија е во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја“, дипломатски одговрил Тите.

Бразил првиот меч на СП ќе го одигра против Србија, а потоа му следуваат натпреварите со Швајцарија и Камерун.

Scroll to Top