Top Sport

Тите: Знам како да го запреме Меси, ама нема да ви кажам!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил – Тите одржа прес-конференција пред финалето на Копа Америка против Аргентина на „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Тите порача дека има план како да го запрат Лионел Меси – првата ѕвезда на „гаучосите“.

„Знам како да го запреме Меси, ама нема да ви кажам! Не можеме во потполност да го `згаснеме`, но можеме да го намалиме неговото влијание врз играта. Кога зборуваме за Меси и Нејмар, тогаш зборуваме за највисоко ниво на фудбалери. Двајцата се посебни, но јас сакам целата екипа утре да ми е таква и тоа да пресуди“ изјави бразилскиот селектор.

Scroll to Top