Top Sport

Се пензионираше уште една грчка кошаркарска легенда

Грчкиот кошаркар Јанис Бурусис (38) по две децении професионално играње одлучи ова лето да ја заврши професионалната кариера. Со тоа тргна по патот на Василис Спанулис и Никос Зизис со кои ја сочинуваа славната генерација на Грција чиј најголем успех е освојувањето на ЕП во Белград во 2005 година.

„Сите добри работи мора да имаат крај. Благодарен сум на се, а посебно поради 15-те години играње за Грција. Не постои ништо поважно за еден спортист од носењето на државниот дрес. Беше тоа незаборавна турнеја“ напиша Бурусис на Инстаграм.


Бурусис кариерата ја започна во АЕК, потоа играше за Барселона, Олимпијакос, Армани, Реал Мадрид, Басконија, Панатинаикос, Гран Канарија и Перистери.

Со Реал Мадрид во 2015 ја освои Евролигата што му е најголем клупски успех.

Scroll to Top