Top Sport

Титулата ќе почека, Лил со „петарда“ за моќниот ПСЖ (видео)

Лил со 5:1 го „прегази“ Пари Сен-Жермен во дуелот на првопласираните две екипи од Франција за ја одложи промоцијата на Парижаните во шампиони, откако на гостите им беше потребен само поен за француската круна.

Томас Муние си постигна автогол по седум минути игра за Лил да поведе со 1:0, но Килијан Мбапе му асистираше на Хуан Бернат само четири минути подоцна за ирамнување. Сепак, токму Бернат беше трагичарот на гостите, откако во 37. минута доби црвен картон и го остави тимот со 10 играчи.

Домаќините го искористија ова, и преку Пепе (51. минута), Бамба (65. и 71. минута) и Жозе Фонте (84. минута) да дојдат до зачудувачка предност од 5:1 која му го нанесоа само вториот пораз на ПСЖ оваа сезона во Лига 1. Инаку, ПСЖ на врвот има 81 поен, додека Лил се втори со само 64 поени.

Scroll to Top