Победата на Челси во финалето во Лига Европа, донесе голема радост во Лион и Линц. Олимпик Лион изборија пласман во фазата по групи, додека ЛАСК Линц во најлош случај ќе играт во Лига Европа.
Арсенал не само што го загубија финалето во Баку, туку уште една сезона останаа без пласман во Лигата на шампионте.
Правилата на УЕФА се јасни, доколку победникот во Лига Европа, во случајов Челси, веќе изборил пласман во Лигата на шампионите низ националното првенство, тогаш место во фазата по групи добива тим од државата која се наоѓа на петтото место според коефициентот.
На оваа листа петтото место и припаѓа на Франција, што значи дека покрај ПСЃ и Лил, директен пласман избори и Олимпик Лион.
Неуспехот на Арсенал или успехот на Челси им го отвори патот за настап во европските купови и на фудбалерите на ЛАСК од Линц.
Оваа екипа го освои второто место во првенството на Австрија и се избори за место во квалификациите во Лигата на шампионите. Бидејќи Арсенал не го освоија трофејот, ЛАСК натпреварите ќе ги започне од третото квалификациско коло, што значи дека доколку не се пласираат во фазата по групи во Лигата на шампионите тогаш ќе играта во групната фаза во Лига Европа.